Се јави ОЈО ГОКК во врска со судијата Ѓорги Ристов, кај кого беа пронајдни 350.000 евр, созидани во ѕид во домот на неговите родители.
-Денеска предметниот јавен обвинител од ОЈО ГОКК го сослуша осомничениот судија и му ги предочи прибраните докази врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил делата што му се ставаат на товар. Ценејќи ги објективните услови што е потребно да бидат исполнети за определување на мерка за обезбедување присуство, како и субјективните што истата ја оправдуваат, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител му достави предлог на осомничениот да му биде определена мерка куќен притвор. Освен оваа мерка, предложено е и определување на мерка на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање. Ристов се сомничи за кривично дело од 359-а Противправно стекнување и прикривање имот ст.3 вв ст.1 и 273 ст.1 Перење пари и други приноси од казниво дело, информираат од ОЈО ГОКК.



