Сега да ви појаснам на сите душебрижници зошто реагирав за време на ковидот, вели фолк пејачот Наум Петрески, чија реакција се однесува на распределба на финансиите на естрадата за време на корона кризата.
-За да не пишувате дека јас сум се жалел и сум немал пари ќе го објаснам мојот револт. Мојот револт тогаш не беше од финансиски причини туку заради начинот на распределба на средствата, односно субвенции од Владата на СДСМ, кои одеа во погрешни раце, поточно кај нивни членови, музичари, па музиканти од шестото ниво, кои никогаш не направиле нешто во музиката или за државата, па дури и кај келнери кои подучени од некого се зачленуваа во естрадата и земаа сериозни пари. Кога напишав за тоа, се најдоа во небрано тогашниот председател на естрадата и видоа дека може да имаат сериозни последици од нивното распределување и тоа анархиско како и тогашната Влада ,па ми пратија на сметка 40.000 денари кои ги донирав во манастирот „Св.Пречиста“ во Кичево, купив детергенти, кои им биле потребни во тоа време. И многу ми е драго што злобниците од овој народ си го покажаа лицето, па ми ги отворија очите повеке да не помагам секому и насекаде.Поздрав до добрите луге за злобните им посакувам вечен пекол, напиша Наум.
Канал77 го контактирше Петрески да објасни за што поточно станува збор, односно на кого се однесува постот.
-Се однесува на сите злобни коментари на социјалните медиуми. Се однесува на луѓето кај што сум помагал индивидуално, без тоа никаде да го споменувам. Купував дрва, помагав со пари и со други работи. Сум помагал, не ни секам да се знае. За хуманитарни концерти и да не зборувам. Но, повеќе не. За наш народ не е помош. Не можам да се изначудам на злобните коментари по статусите. Се сите. Кога пишував статуси за време на корона кризата, мислеа ќе умреме за јадење, па се изнаслушав се и сешто. Но, моите постови не беа за мене, моите постови беа за лошо рспоредување на субвенциите. Се распределуваа кому му е ќејф, вели Петрески за Канал77.






