Се е подготвено и јубилејното издание на фестивалот „Макфест“ може да почне. Денес на прес конференција беа соопштени детали околу се она што значи 40-годишен јубилеј на најреномираниот фестивал кај нас.
-Славиме 40 годишен јубилеј од постоењето и непречено организирање на „Макфест“. Прес конференцијата се одржува во „Кофи лаб“, бидејќи фестивалот создал многу песни, хитови, песни кои победиле, но и не добиле награда, но сепак си го наше местото и се пуштат по локалите и медиумите. Сите подготовки се завршени, песните се подготвени, оркестарот ги врши тонските проби, бидејќи годинава „Макфест“ ќе биде во живо. Оркестарот ќе го сочинуваат 20 солисти и очекуваме веќе Штип да вибрира во знаците на „Макфест“. Се надеваме дека и од ова издание ќе призлезат хитови кои ќе остават траен белег. И на крај да порчам- слушајте македонска музика, рече Александар Арсовски, продуцент од Општина Штип, која е организатор на фестивалот.
Годинава „Макфест“ ќе трае три дена, ќе има вечер на нови ѕвезди, етаблирани имиња и вечер на песни од фестивалот низ декадите.
-Годинава имаме чест да славиме јубилеј. За разлика од минатите години, оваа година имаме три вечери. Третата вечер ќе се слушнат 16 познати песни, тешко е да се направи избор, бидејќи „Макфест“ е една успешна приказна која трае четири децении. Се одлучивме за 16 песни, кои оставиле белег иако не се победнички. Првата вечер, вечер на нови ѕвезди и имаме 13 песни, додека втората вечер 14 песни, каде ќе настапат афирмирани пејачи, рече уметничкиот директор, Роберт Саздов.
Како и секоја година, тка и оваа фестивалот ќе изобилува со песни, во кои ќе се пронајдат сите генерации.

-Драго ми е што опфативме над 40 изведувачи, кои ќе бидат од различна возраст и различни стилови. Во првата и втората вечер ќе имаме и брзи песни и балади, ќе имаме и шлагери, песни во кои ќе се пронајдат различни генерации. Се трудевме да биде опфатен секој стил. Третата вечер поканивме пеачи од секоја декада. Гледавме да бидат опфатени пејачи од 90-тите, пејачи кои не ги гледаме често низ медиумите. Ќе биде едно убаво потсетување публиката да ги види после долго време, рече Јован Јованов, креативецот на фестивалот и додаде:
-Што се однесува до сцената, секоја година гледаме да има поголем и поголем екран. Годинава мислам дека го напрвивме рекордот, ќе биде најголем поставен во Домот на културата, рече Јованов.
Фестивалот и годинава е од ревијален карактер, а единствена награда е најслушана песна меѓу двата фестивала. Која ќе биде наградена годинава ќе се дознае следниот четврток, непосредно пред првата вечер.
На прес конференцијата беа присутни Лара Иванова, без Пајак, Коки, без Дуле и некогашниот победник Зоран Иванов.
Тие имаа свое видување и доживување од фестивалските години кога настапувале.
-Во 2019 година прв пат настапив на „Макфест“ и секоја година ми е се поубаво и поубаво. Со Пајак ја имавме „Бела“, најслушаната песна меѓу двата фестивала, која ја изведовме во 2022 година, а на фестивалот следната година беше прогласена. Песната направи бројки не само на Балкан, туку и пошироко, рече Лара.
-Секогаш е чест и задоволство да се настапи на „Макфест“, а и не е важно дали ќе се учествува, важно е да се биде дел од нашите штипски калдрми. Има спомени многу и голем дел од сите нас паметат дека „Мкфест“ бил добар, а јас секако ја паметам 1996, кога со Дуле ја испеавме „Виолина и гитара“. Почестен сум меѓу млдите и се надевам дека публиката ќе препознае вистинска музика, вистински вокали, рече Коки.
-Голема е честа да де почувствува магијата на „Макфест“. За мене е важна е 2011 година, кога настапив со „Ангели и демони“, песна со која победив, а бев и најдобар дебитант. Јас уште леб јадам од таа песна и вечно ќе бидам благодарен на „Макфест“. Фестивалот за сите пејачи би „отскочна даска“ и треба што повеќе да се рекламира. За жал еден е толку квалитетен фестивал и треба да го негуваме, рече Зоран Илиев.
На новинарско прашање дали ќе има шоу програми Јованов рече:
-Првата вчер секогаш има шоу програма пред гласањето. Оваа година ќе настапат Мики Секуловски, Давид Темелков и Наташа Малинкова. Втората вечер нема да има шоу програма, таму ќе има изненадувње со презентери. Ќе настапат многу познати макфестовски имиња. Хелена Благне, првата победничка беше поканета, но не можеше да дојде, рече дека и е мачен патот, бидејќи требала да менува два авиони. Има само еден пејач гостин пејач од Хрватска, кој ќе настапи во првата вечер, рече Јованов.
МТВ ќе врши директен пренос од сите три вечери.
Водители ќе бидат Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.




