Петмина завршија во болница по утринската сообраќајка кај Три Чешми

Во судирот на камион и патничко возило изутрината пред седум часот, пет луѓе се повредени и пренесени во штипската Клиничка болница. Двајца од нив се сместени на Ортопедија, а тројца на Хируршкото одделение. Сите петмина се со телесни повреди и не се во животозагрозувачка состојба.

Како што информира СВР Штип, сообраќајката се случила на патот Скопје – Штип кај Три Чешми во која учествувале камион со радовишки регистерски таблички и скопско патничко возило мицубуши.

Фотографии: МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ