Двајца странци, 38-годишната Русинк В.А. и 32-годишниот А.С., биле уапсени по инцидент што се случил на Божиќ во Прифатниот центар за меѓународни баратели на азил Порин во Загреб.
Според „Јутарњи лист“, за време на ручекот, В.А. била пијана и им викала на обезбедувањето и користела навредливи зборови. Таа постојано им го покажувала средниот прст и од чантата зела вештачки пенис од 30 сантиметри, со кој почнала да тепа еден од обезбедувањето.
Откако го удрила мжот со секс играчката, излегла на паркингот и почнала да шутира едно возило. Кога се вратила на рецепцијата, удирала по шанкот и правела врева. И покрај забраната, 32-годишниот барател на азил А.С. го снимил тоа со својот мобилен телефон. Тој го снимал обезбедувањето и им се обраќал со вулгарни зборови.
На крајот, од обезбедувањето биле принудени да употребат присилни средства, а двајцата странци биле осудени на 30 дена условна казна со едногодишен рок за проверки. Судот одлучи дека полицијата мора да му го врати конфискуваниот мобилен телефон на мажот, додека Русинката ќе остане без секс играчка.







