„Пијано што ќе му припаѓа на градот” – свечено ќе биде претставено во Офицерскиот дом во Битола

Вечерва, на 4 септември (четврток,) со почеток во 20:00 часот, во дворот на Офицерскиот дом во Битола, ќе се одржи симболичниот чин на предавање на уметничко пијано, донација од Халкбанк АД Скопје за Културно-информативниот центар Битола.

Ова пијано не е обичен инструмент – на неговата површина е изведена уметничка интервенција од македонски артисти, со што секој тон ќе добива и визуелна димензија. Вечерва, токму во Битола, ќе биде првото јавно откривање на пијаното пред градот.

Чинот на откривање ќе биде проследен со настап на:

Алексeј Белевски, пијанист и ученик во Музичкото училиште – Битола
Анастасија Гичевска, пијанистка и професорка во Музичкото училиште – Битола
Пијан Славеј, во пијано придружба на проф. Вангел Мажевски

Со овој чин, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон културата и уметноста, оставајќи подарок што ќе остане за сите граѓани на Битола.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ