Пијан и агресивен – Рано изутрина уапсен кавадарчанец

Кавадарчанец бил приведен рано изутрина поради недолично однесување со 2.31 промили алкохол во крвта, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-Денеска во 3:10 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го привеле Ѓ.И., 39-годишен кавадарчанец, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со недолично однесување. При преземање мерки, кај него биле измерени 2.31 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР – Велес.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ