Плачеа пејачите, плачеше и публиката – Солзи, овации и емоции на незаборавниот “Макфест“ со безвремески хитови

Солзи, овации и емоции. Ако сето тоа е надополнето со безвременски хотви, на среќата на душата и нема крај.

Она што вчера се случуваше на сцената на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, каде се славеше јубилејното 40 издание на „Макфест“ ќе се прераскажува уште долго. Годините изминати со безвременски хитови уште еднаш го покажа значењето на овој фестивал на македонската музичка сцена. Се потсетивменна безвременски хитови,евергирни, без кои не може да се замисли не смо фестивалот, туку и нашето секојдневно живеење.

Четири децении создавано музика, музика и музика, за сечиј вкус, музика која колку што знае да ја усреќи душата, знае и да ја расплаче.

А така и почна фестивалот, со солзи.

Прва се расплака Росана Сариќ Тодоровска, кој ја идпеа безвременската „Признавам“, но овој пат сама, без придружба на сестра и Маријана, кој веќе со децении живее во австралија.

-Ве молам, еден голем аплауз за мојата сс тра, рече Росана низ солзи.

А солзите и емоциите не престанаа и кога на сцената, по повод јубилејот, се доделуваа наградите.

Основачот и долгогодишен директор на фестивалот, Стојан Троицки, кога излезе на сцената со раце прикриено лице, се расплака од емоции.

И никој понатаму не остана рамногушен кога се редеа евергрини, безвременски хитови отпесни овие четири децении.

„Твојте очи сине“ со Тања Кочовска, „Свирете ја зајди, зајди“ со Олгица Христовска, „Сонце за три света“ со Мики Џафер, „Сам“ со Трајчје Манев, „Моја гитара“ со Гиш, „Еден бакнеж“ и Владо Јаневски, „Ангели ме носат“ со Силви бенд, „Не планирам“ со Ламбе Алабакоски, Ј„Ти ме сакаш знам“, со Јован Јовнов и Маја Саздановска,

потоа „Таму кај што си“, „Тања“ со Емил Канавро и Дарко ндонов или „Три пати на ден“, кои оддадо почит н членовите кои не се меѓу нас, незаборавнта „Самба во Штип“ со Питер Џон Босе, виолината без гитара или Коки без Дуле, Бојана Скендеровски и понобвата генерација Пајак и Лара.

И која и да се испееше ќе немаше промашување, не за џабе се вели најдобриот фестивал кај нас, а тоа синојка се докажа…

Весна Миленковска

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ