Повредени пожарникари, се заглавиле во стопениот шеќер, информираат нивни колеги за пожарот во „Макпрогрес“

Најмалку четворица пожарникари се повредени во огнената стихија која ја зафати фабриката на „Макпрогрес“ вечерва, информираат пожарникари од Струмица.

-Повредени пожарникари има од Штип, Кочани и Свети Николе. Пожарникарите како што дознаваме се заглавиле во стопениот шеќер од фабриката на Винчини. Цела среќа што носеле соодветна заштитна опрема. Неофицијално повредени се и оние пожарникари кои се обидувале да ги извлечат нивните колеги. На терен има и полициски екипи како и амбулатни возила, информираат пожарникари од Стумица .

Ова го потврдија и од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Во Винчини опожарени се три линии означени како 6, 7 и 8 (од кои два магацини), сите имале сончеви панели на покривот. Спасени се линиите од 1 до 5. Пожарот е под целосна контрола. Во гаснењето учествуваа пожарникари од ТППЕ Виница, Македонска Каменица, Делчево, Кочани, Пробиштип, Штип, Струмица, Кавадарци и Велес. Неколку пожарникари се здобиле со изгореници на стапалата откако се заглавиле во смола од стопен шеќер во еден од погоните. При обидот да ги одглават стопалата чизмите им останале во стопениот шеќер и згаснале во стопената смеса, информираат од ДЗС.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ