Земјотрес. чиј епицентар е во во Албанија претпладнето во 11:28 часот, е почувствуван и во охридско- струшкиот регион. Земјотресот е со епицентар на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.
-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.




