Повторно се одложи судењето за фемицидот во Штип

Денеска повторно се одложи судењето за фемицидот во Штип, кога на 8 август синот Стојанче Зарков во алкохолизирана состојба нанесувајќи и убоди со нож ја усмрти својата мајка.

Обвинетиот непосредно пред да биде транспортиран од кумановскиот затвор во штипскиот Основен суд во кој се одвива судењето, се пожалил на здравствени проблеми, по што затворот го известил судот дека обвинетиот според процедурите не може да биде транспортиран.

„Судот констатира дека во 10:20 часот телефонски од затвор Куманово, каде издржува мерка притвор обвинетиот Стојанче, се јавија и го известија Судот дека се пожалил на здравствени проблеми, пред тргнување за Штип. Откако бил прегледан од страна на лекар, констатирано било дека е потребно да биде пренесен во болница Куманово. Од овие причини не сме во можност денеска да започнеме со закажаното судење во отсуство на обвинетиот.“ – вели судијата Сашко Георгиев, кој го суди овој предмет.

Ова е второ одложување на судскиот процес за ова убиство, откако претходниот пат обвинетиот побара 5-6 денови за да го разгледа приложеното вештачење на ножот со кој е извршено убиството.

Тогаш Обвинителството се противеше на одложувањето со образложение дека четири страници опис на вештачење е доволно да се прочита и за неколку минути, но по инсистирањето на одбраната, судот одлучи да го одложи рочиштето.

Новото рочиште е закажано за 30 декември со почеток од 9:30 часот.

(К.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ