Денеска претпладне се запали куќа на улица „АСНОМ“ во Штип. Екипите на територијалната противпожарна едниница и итната медицинска помош се излезени на терен и пожарот е ставен под контрола.
Вчера, пак, во 15:50 часот во СВР Штип е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Вита Поп Јорданова“ во Штип, сопственост на Л.А.(68) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единциа Штип е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на СВР Штип.



