Полицијата влезе во прилепската болница – приведени над 20 лица поврзани за малверзации со набавки

Фото: МИА

Под сомнеж за сторен криминал во местење тендери во Општата болница во Прилеп приведени се повеќе од 20 луѓе, откако денеска по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп влезе Управата за финансиска полиција.

Истражните органи се сомневаат на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра, соопшти радио Пела од Прилеп.

„Според неофицијалните информации, истрагата е насочена кон сомневања за злоупотреби при спроведување на тендери и други финансиски неправилности во работењето на болницата, а под лупа се над 30 лица, пишува во објавата на радиото.

Јавното обвинителство потврди дека се истражуваат злоупотреби во болницата.

„Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница. Дејствијата се преземаат во моментов, а повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден,“ соопшти ЈОРМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ