Пораст на семејното и родово базирано насилство, државата изработува нова нацрт – стратегија

Пораст на пријавите за родово базирано и семејно насилство бележи статистиката. Државата работи на нова нацрт-стратегија:

„За жал, зголемен е бројот, а претпоставувам поради тоа што граѓаните се веќе совесни и пријавуваат ваков тип на насилство. Секако дека превенцијата е еден елемент на самата Стратегија, каде што секоја ваква појава треба да биде превенирана, односно да не настанат потешки повреди во однос на законите“ – рече Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Тој посочи дека овој национален документ ќе содржи два акциски плана, со важност по четири години и годишни планови за секоја година. 

Навистина е национален документ, кој со националните, но и со меѓународните правни елементи, ќе бидат применувани во Македонија. Со ова мислам дека ќе го унапредиме со три елементи, а тоа е во делот на оние политики или собирање на сите оние информации, податоци. Значи, еден унифициран пристап за превенцијата за насилството врз жените. Секако и оној елемент каква ќе биде поддршката за жените и на семејствата, каде што се случува ваков тип на насилство – вели Велковски. 

За нацрт верзијата да добие зелено светло треба да завршат јавните дебати, потоа ќе се чека одобрение од Владата и на крај Стратегијата треба да се изгласа од страна на пратениците во македонското Собрание. Велковски очекува во наредните два до три месеци целата процедура да биде завршена. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ