Почина Владо Петров, обвинет од ОЈО ГОКК за трагедијата во Пулс

Независниот синдикат на полицијата денеска објави дека починал Владо Петров, полициски службеник во пензија, кој од страна на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција беше обвинет за дејствија поврзани со дискотеката „Пулс“, поточно затоа што во 2012 години, додека бил Главен инспектор за сообраќајни работи, потпишал документ со кој потврдува дека дискотеката ги исполнува условите за предвидени паркинг места:

„Денес за жал трагедијата од Кочани ја зема својата 63та жртва, за која најверојатно никој нема да зборува и да сноси одговорност. Владо Петров беше колегата кој од пензија беше испратен во притвор затоа што додека бил Главен испектор за собраќајни работи потпишал некаков документ за паркинг просторот пред дискотеката. Владо за жал не го издржа притисокот за кој ние вчера зборувавме и не успеа да види ништо од пензијата. Почивај во мир голем човеку. Правда за полицијата е повеќе од потребна, а веќе многу доцни. КАЈ ЌЕ ВИ ОДАТ ДУШИТЕ!?“ – напишаа од полицискиот синдикат.

Според неофицијални извори, од давањето на одобрението на Петров до денес, дискотеката правела недозволени измени во просторот пред објектот, со што го изменила просторот од првичната дозвола.

Други неофицијални извори за Канал 77 велат дека всушност Петров пред своето пензионирање посочувал на сериозни неправилности во работењето на Пулс, но неговите насоки не биле земени предвид, а кратко потоа се пензионирал и веќе неколку години бил во пензија.

Петров бил под голем стрес од процесот и сметал дека станува збор за монтиран случај, а синоќа по влошување на здравствената состојба доживеал срцев удар.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ