Почина жена на Инфективна, грипот ја зема првата жртва

Фото: Инфективна

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починаала 75 годишна жена, кај која лабораториски бил потврден грип од типот А, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Ова е прв смртен случај поврзан со грип од почетокот на годинава.

Пациентката имала коморбидитети и не била вакцинирана против сезонски грип.

Директорот Цана соопшти дека во моментов со симптоми на грип на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти, од кои дел се на кислородна поддршка, а двајца пациенти се на респираторна поддршка, интубирани на одделот за интензивно лекување.

„Очекувам прегледите во амбулантите драстично да се зголеми кон крајот на јануари и на почетокот на идниот, кога се очекува и врвот на грипот“, рече тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ