Почина Илија Темелковски, екс селектор на младинските репрезентации

Почина Илија Темелковски – човек кој сиот свој работен и животен век го посвети на ракометот.

Ракометната и спортската јавност, денес изгубија вреден спортски работник , Ракометната Федерација на Македонија упатува искрено и длабоко сочуство до семејството на Темелковски.

Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).

Темелковски беше селекторот со кој македонските младински репрезентации ги постигнаа своите најдобри резултати на европската сцена во 2002 и Светското првенство во 2017 година, а беше селектор и на едно од најдобрите Светски првенства на машката сениорска репрезентација во 2009 година. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ