МВР информира за случај за починат сведок на судење во Основен граѓански суд Скопје. Обдукцијата треба да покаже која е причината за смртта на сведокот.
-На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР.





