Почина сопругата на Халид Бешлиќ, неполни осум месеци по него

Фото: Фејсбук

По долго боледување Сејда Бешлиќ, сопругата на легендарниот пејач Халид Бешлиќ, кој почина пред неполни осум месеци.
Со години, Сејда беше најголемата поддржувачка на својот сопруг, со кого го помина речиси целиот свој живот. Нивната љубовна приказна траеше со децении и често беше истакнувана како пример за лојалност, почит и меѓусебна поддршка. По смртта на Халид Бешлиќ минатата година, нејзината здравствена состојба беше нарушена, а во последните месеци водеше тешка животна битка.

Семејството, пријателите и бројните обожаватели на семејството Бешлиќ се збогуваа со жената која беше запаметена по својата скромност, достоинство и безрезервна поддршка на својот сопруг за време на неговата богата музичка кариера, пишува аваз.ба

Сопругата на Халид, Сејда, не можела да присуствува ниту на неговиот погреб поради ненадејно влошување на нејзината здравствена состојба во текот на ноќта, пренесе тогаш курир.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ