По осум години живот во мрак на чичко Драги од Нивичани утрово му светна сијалица

На дедо Драги од кочанското село Нивичани по осум години живеење во мрак, утрово во 10 часот повторно му светна сијалица! Наскоро ќе добие и телевизор, за да веќе не живее во потполн мрак.

Благодарејќи на иницијативата на негов соселанец и на Ана Симонова од Еколошко здружение Грин.орг, кои ја средиле целата документација и собрале пари од хумани граѓани, па на чичко Драги му ја приклучиле струјата, да не живее во 21 век во потполн мрак.

-Ми се обрати соселнец на дедо Драги, кој ме замоли да помогнеме, бидејќи веќе осум години живеел без струја. Јас бев шокирана, како е возможно толку долг период да живее без струја. Дедо Драги е од ранлива категорија, преживува само со 6.000 денари месечно. По смртта на неговата мајка поради тешка немаштија му била исклучена стујата и не се пријавил за поделба на имот, не поради негрижа, туку поради сиромаштија. Живее во трошна куќа, со дотраени скали, кои секој момент може да се срушат и да се повреди,ла на пролет ќе гледаме и скалите да ги средиме. Приказната за дедо Драги ја објавивме, се пријавија хумани луѓе и собравме пари за да се покрие основниот долг, па со ЕВН склучивем договор зада му се вклучи струја, вели Ана и додава:

-Тој немал имотен лист и затоа имавме работа по институции. ЕВН го тужела за заостанатите долгови и има и камати. Долгот на дедо Драги е колу 17.500 денари, плус судски такси, рочишта. Каматата од ЕВН рекоа дека ќе ја простат, а ние ќе го подмириме долгот. Во април месец му го извадиле и броилото. Иако е чудно, бидејќи има Закон за ранливи категории, за луѓе што се болни не смее да им се исклучува струја. А во катастар имотот не се води на никој, што беше клучен проблем, бидејќи нема на кого да се приклучи. Па дадовме изјава на нотар дека живее таму, дека го прифаќа долгот и дека ќе го исплати. Потпишавме плус гаранција од нас дека гарантираме дека ќе ги плаќа сметките. Ќе му најдеме и телевизор да не живее веќе во потполн мрак, вели Ана.

Но, кој е чичко Драги од селото Нивичани и како дојде до ова состојба?

Тој за Канал77 не ја криеше среќата што веќе нема да живее во мрак. Рече дека по војната во Вуковар се вратил во Македонија и живееле зедно со мајка му. Работел на многу места, но никаде не бил пријавен,па затоа и не можел да земе пензија. Но, никогаш не се откажал од работата иако од здравствени причини едвај работел.

-Се вратив во 1992 година и одржувам. Имам 70 години и колку ми останало уште од животот така ќе терам. Работев на многу места, но не ме пријавуваа и сега ја земам социјалната пензија. Имам проблеми со здравјето, но морам да се крепам, во животот мора да се бориш. Ико не сум добар со здрвјето, сепак, за мене, за домашни потреби садам компир, лук, боранија, пипер… Тоа и ме одржува. Ако не работиш нема да јадеш. Никаде не пишува на некој дека умрел од работа. Од моите пари што ги заработував колку толку купив шпорет, нешто покуќнина. Леб месам сам, имам домашна фурна. Не можам да седам, само кога спијам сум мирен инаку по цел ден нешто работам. Човекот работата го одржува. Тоа е животот. Младите да бидат живи и здрави, па ние старите еден по еден да заминуваме, кому како, вели чичко Драги.

(В.М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ