По 25 години од смртта конечно ќе се прави спомен-обележје на Јонче Христовски во Битола

Фото: МИА

На влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор, познат како Мост на вљубените, Општина Битола почна со изградба на спомен-обележје на естрадниот уметник Јонче Христовски.

Поставувањето спомен-обележје се врши со посебно решение за изградба на споменици, спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола со донација.

Јонче Христовски (Битола 1931 – Скопје 2000), автор на легендарните песни „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“…и други, освен пејач, беше текстописец и композитор на македонски народни песни со силен патриотски дух.

Јонче Христовски, препознатлив по сценските настапи, во богатата кариера одржал бројни солистички концерти во земјава и пред македонската дијаспора во странство, а настапувал и во дует, најчесто со битолчанката Виолета Томовска со која освен „Македонско девојче“ ја исепеале и незаборавната „Ој, Вардаре македонски“. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ