Пратениците дојдоа порано на работа за да не се соочат со работниците, рече Трендафилов на протестот пред Собрание

Фото: Вангел Тануровски

Добро утро на сите освен на пратениците, затоа што две години го блокираат предлогот на ССМ за зглемување на работничките плати или за зголемување на минималната плата или на сите плати за 6.000 денари, рече во изјава за медиуми Слободан Трендафилов, претседателот на ССД, на денешниот протест пред Собрание.

– Како што ветивме, по 21 човек блокираме да не можат да дојдат со возилата на работа, да не можат да наплатат трошок како да возат на керозин, да мора да дојдат пешки или со јавен градски превоз. Моите информции се дека голем дел пратеници станале рано за да дојдат пред девет на работа, за да не се соочат со работниците на улица, затоа што се срамат од нив.Се срамат од своите гласачи затоа што одбиваат да ја зголемат работничката плата, а од друга страна пратениката плата ќе се зголеми не само за 9,2 проценти како што си пресмета гувернерот, туку и за 12, 6 проценти затоа што е голема веројатноста Уставниот суд да ја укине уредбата од Владата од претходната година, што значи дека на 100 или 120 илјади денари добиваат 21 процент зголемување на нивните плати, рче ТГрендафилов и додаде:

-За да биде срамот за нив уште поголем тие се подготвени нивните плати, односно коефициенти да ги намалат за девет проценти, само за да не се зголемат платите на работниците. Пратениците сакаат нивните гласачи да живеат и тонат во сиромаштија. Тоа е срамно и затоа сме тука за да ги блокираме, за да им покажеме дека нечовечки се однесуваат кон работниците, одобено поради тоа што ги слушавме пратениците кои жестотко ги бранеа своите плати и патни трошоци. Блокадата ќе трае до започнување на седницата во 11 часот. Мислам дека денешниот ден траба да ги засрами сите, а најмногу пратениците и мислам дека на седницата треба да предложат зголемување на минималната плата од 600 евра и зголемување на сите останати работнички плати за најмалку 6.000 денари или за разликата од претходната минимална плата и новата минимална плата, рече Тредафилов.

Доколку не го напрват тоа Трендафилов рече дек ќе започнат со собирањен потписи.

-Доколку не го направат тоа ќе собереме 10.000 потписи и ние ќе им станеме овластен преддлагач и ние ќе им ги намалиме нивните пратенички и функционерски плати. Не осудуваат дека иниицјативата на ССМ за намалување на нивните плати за 80 проценти била неуставна, затоа што ќе дошле на минималец. Па сватиле колку е тешко ќе живеат на минималец, па затоа сметаат дека е неуставно да им се намалат големите пратенички плати. Но, прашуваме како тоа ако ги намалат за 9,2 проценти коефициентит ќе биде уставно, а неуставно е ако ги намалат за 80 проценти? Кажавме дека 28 јануари е само почеток, ќе правиме таргетирани блокади за кои ќе ни се потребни многу малку луѓе.

Согласно Законот за јавни собири потребни се 21 човек на улица за да блократе одредена институција, одредена група која ужива на работничката мака и пот. Во четврток ке го блокираме приодот до Стопанската комора, а наредниот вторник, ќе ја блокираме Владата. Се надевам дека претседателот на Влада и министрите, кои не се излезени од службените возила ќе тргнат пешки и ќе поминат покрај работниците. Покрај 21 работник на две локации за да не можат да дојдат со службените автомобили. Се надевам дека од Влада нема да избегаат како што кукавички избегаа пратениците кои многу рано станале можеби за прв пат во нивната пратеника кариера и дошле на работа пред осум часот. За крај денес не смеат да наплатат патни трошоци, не смеат да наплат онака како што наплаќаат во висина од над 14 милиони денари лани или како што имаме рекрдери кои наплатиле над 10 илјади евра за една година доаѓање на работа. Ќе се обратиме и до претседателот на Собранието да не извести кој е тој алчен пратеник кој наплатил денес 200 евра затоа што доаа на работа, рече Трендафилов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ