Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата не дојде на дневен ред, материјалот се уште бил на превод и не е доставен до пратениците

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, попладнево, во процедурална забелешка информира дека нивната пратеничка група нема да учествува во работата на собраниската седница. Ова следеше откако пред паузата тој побара дневниот ред да се дополни со Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата што од партијата денеска повторно го поднесоа, но претседателот на Собранието Африм Гаши му одговори дека материјалот за законот не е готов и не е доставен до пратениците.

Според Спасовски, со ваквата одлука Гаши постпаува споритвно на Деловникот на Парламентот, што вели, не е прв пат. 

-Ние не баравме ништо друго освен предлогот да го ставите на гласање и денеска да се изјасниме и во тоа нема ништо спорно. Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да е послабо од правото од кој било пратеник на власта, рече Спасовски.

Гаши му одговори дека досега не му се случило тој да предложи точка на дневен ред без материјалот да биде доставен до пратениците, бидејќи станува збор за основно начело на работа на Собранието.

-Не можеме да расправаме за нешто што не го знаеме, го немаме како материјал. Материјалот е на превод и штом ќе биде доставен до сите пратеници, можеме да расправаме по истиот, рече Гаши.

Собранието со работа по 84. седница ќе продолжи утре во 11 часот. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ