Во опсежна полициска акција синоќа кај Свети Николе биле запленети околу 200 килограми марихуана при обид да бидат транспортирани со помош на три возила. Според неофицијалните информации, едно од возилата било со швајцарски регистарски ознаки, додека останатите две биле со македонски. Марихуната била сместена во возилото качено на шлеп, а пред шлепот било третото возило, кое со флешери го расчистувало патот.
Се очекуваат повеќе информации во текот на денот.



