МВР и Обвинителството ОЈО-ГОКК за денеска најавија информации по претресите кои се случуваа синоќа и во текот на ноќта на повеќе локации во Скопје и Струмица. Еден од објектите каде влегоа истражните органи беше и напуштена зграда во кругот на ОХИС.
Неофицијално, се претресуваат објекти каде може да има складирана марихуана. Акцијата се спроведува по големата заплена на пет тони марихуана во соседна Србија, во Крушевац. Тамошните власти претпоставуваат дека марихуаната е внесена или од Македонија или од Албанија. При заплената имаше и неколку апсења на луѓе, за кои беше информирано од српските власти, дека се дел од организирана група.
По настаните во Србија, македонското Обвинителство покрена истрага.



