Денес во 13 часот во населбата Трубарево ќе бидат промовирани кандидатит за
градоначалник и советници за општина Гази Баба, предложени од Работничка партија-
Тоне Димковски, кандидат за градоначалник во Гази Баба и Војо Петрески, носител на
листа на советници.
Граѓаните и медиумите ќе имаат прилика да се запознаат со кандидатите и со
програмата за Локалните избори 2025 со наслов:СКОПЈЕ ГРАД! 21-ВИ ВЕК, Од фавела
до метропола.
-Го избравме Трубарево токму поради пожарот од пред две седмици кога здравјето на
сите скопјани беше загрозено, а на жителите на Трубарево и околината со трајни
последици. Нема да дозволиме криминалот на поединци негрижата на институциите да
помине без одговорност. Движење Слободни и независни (Слободоумни и финансиски независни) е составено од долгогодишни граѓански активисти препознатливи преку здруженијата Но Пасаран,
Човекот над профитот и Превентива. Политичкото крило на Движењето е преставено
од ПП Работничка партија Скопје, се вели во соопштението.
Средбата ќе се одржи наспроти безнинската пумпа на Лукоил.






