ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Работниците не одат на суд зашто не можат да платат

today27/12/2018 1

Background

Адвокатски трошоци од 3.000, 5.000 денари не може да си дозволи конфекциски работник, кој зема 8.000 денари плата, е ставот на универзитетскиот професор Димитар Апасиев.При тоа, нема помош од синдикатот,рече Апасиев во емисијата Ноќен експрес и го изнесе фактот дека дури 75 отсто од работниците не се во членови на синдикатот. Дали синдикалното организирање е во изумирање?

Според професорот, синдикстот стана синоним за организација губитник, кој треба да им каже на 100, 200 работници – „одите на улица“.

И затоа го изгуби кредибилитетот. Стана организација за мајтап.Домашните ешалони –раководители , сменоводителите, се тие што им ја пијат крвта на работниците и ја прикажуваат сликата на газдата во Германија. И кога ќе дојде Германецот, се’ е убаво, исчистено, насмеани…а кога ќе се отиде, пак се работи прекувремено, пак не се плаќа прекувремена работа, рече Апасиев.

Текстичните и кожарските работници сведочат за искористување на работничката сила преку манипулирање со работните часови. Според Горан Трајков, од КУЦ Текстил, ставката за минат труд ја нема во белешките за плата.

-Тоа е случај со работниците од кожарската и текстилната индустрија.Кај 80% од нив го нема, вели Трајков.

Тој дава пример на уставно дискриминирање на правата на работниците во кожарската и текстилната индустрија во Македонија е тој со минималната плата која за нив е 9.080 денари.
-За останатите работници во Македонија таа да изнесува 10.800 денари вели Трајков и додава дека со тоа е нарушен принципот на еднаквост кој е загарнтиран со Уставот на РМ.
Правата на работниците од кожарската и текстилната индустрија се кршат со самото донесување на Законот за минимална плата каде во член 2 веќе закнодавецот или партнерите на Синдикатот веќе го има нарушено каде се вели дека за работниците од кожарската и текстилната индустрија ќе владее правото на нормиран учинок.

Или во конкретен случај кај што се текстилните и кожарските работници прашање,работодавците може да стават норма од 3000 парчиња и работникот никогаш да не си ја оствари минималната плата.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%