Рамсторе го отвори вториот  маркет во Штип

На, 20ти Мај 2026,  компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов Рамсторе маркет во Штип лоциран на улицата “Борис Крајгер” бр.20 А.

Модерно дизајнираниот Рамсторе маркет кој е 34-от по ред  на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 600 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 130 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 17 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор.

Во новоотворениот маркет  на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, пекара, месара како и над 6.000 илјади  производи достапни за сите потрошувачи.

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 30ти Мај, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет во Штп, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 34 маркети во 8 различни градови во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 30.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува над 750.

Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 5 нови маркети до крајот на годината .

Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, е дел од СИТИ ПЛАЗА Холдинг кој е присутен на македонскиот пазар 21 година. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ