Родителите на загинатите од Пулс и денеска ја блокираа крстосницата во центарот на Кочани

Родителите на загинатите во трагедијата во дискотеката Пулс и денеска ја блокираа крстосницата во центарот на Кочани.

Секој ден, почнувајќи од вчера, родителите ќе ја блокираат крстосницата кај „двојниот мост“ во центарот на градот од 15:15 до 16:15 часот во знак на протест поради одолговлекувањето на процесот. Обвинението за пожарот беше одобрено од страна на Кривичниот суд последниот ден од рокот, речиси 7 месеци од трагедијата, а првото рочиште сеуште не е закажано. Обвинението кое треба да го оформи ОЈО ГОКК за полициските службеници, пак, сеуште не е оформено.

Родителите бараат брзо закажување на рочиште и започнување на судскиот процес, за кој некои од адвокатите на обвинетите рекоа дека очекуваат да трае над 10 години.

Протестите ќе се случуваат секој ден, а доколку не се закаже рочиште, семејствата најавија блокада на улицата пред Кривичниот суд во Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ