Со кревање на фестивалското знаме и официјално започна јубилејното 40. издание на фестивалот на музика „Макфест“, кој ќе се одржи во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.
Три дена Штип ќе живее со музиката, љубителите на македонскат песна ќе имат можност да слушнат нови рефени во двете официјални вечери и потсетување на некои од многубројните хитови отпеани низ годините.

– Штип е град на уметноста, град на културата, град на „Макфест“. Но, „Макфест“ не е само фестивал на Штип, туку е бренд на Македонија, фестивал што и ова година ќе создаде 27 нови композиции и ќе ја збогати мкедонската музичка сцена со нови хитови и пејачи, она што е цел на фестивалот. Ме радува фактот што како Општина продолжуваме со поддршката на македонската кутура, уметност и музика. Така и ќе продолжиме, да го следиме новото време и верувам дека со новите композиции „Макфест од година во година ќе ја збогатува македонската забавна музика. Оваа година обележувме 40 години јубилеј, во име на тоа сакам да се заблагодарам на основачот на овој фестивал, Стојан Троицки, на сите уметнички директори кои низ годините наназад го одржувале „Макфест“ додавале вредност на македонскта музичка сцена и култура, на сите композитори и музичари, кои низ годините создавале и овозможиле да се збогaти мaкедонската музика, рече Јорданов и додаде:
-Оваа година не е само јубилеј туку ми е драго што упеавме да го свртиме вниманието на целата јавност затоа што во годините наназад многумина посакуваа овој фестивал да згасне, но ентузијзмот и желбата на сите поранешни чинители, ни и постоечкиот уметнички доректор успеа да додаде нов вредност, следејќи ги новите трендови и новото време и на тој начин да се збогати македонската музичка сцена. Да се заблагодарам на Роберт и Александар кои низ годините успеаја да ја вратат посакуваната енергија, а јас сум сигурен дека тоа така и ќе продолжи. Сигурен сум дека ќе продолжи и понатаму со уште многу композиции и посакувам да славиме уште многу јубилеи. Мојата желба е општината, заедно со сите добронамерници и Министерството за култура да го развива овој македонски бренд, рече Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Во Македонија 40 години во континуитет е многу тешко да се организира фестивал. „Макфест“ ги издржа сите предизвици и се уште го држи епитетот најдобар.
-Ги покануваме сите љубители на добрата македонска музика да дојдат во Штип и да уживаат во музика. Организациски се е завршено и очекуваме успешен фестивалски викенд во Штип. На дебитантската вечер ќе се појават Валдера, Анастасија Никола, Дорис Ди, Бобан Вељановски, Марија Наумовска, Катерина Овановиќ, Бони и Тами, Дино Петриќ, Асанела Шукриевска, Стефан Ефремов, Агни Авшар, Еми и Елена Наумова, рече продуцентот од Општина Штип, Александар Арсовски.

„Макфест“ годинава ќе изгледа светски, и сценски и во однос на музиката.
-Овој пат имаме најдобра сцена откако се одржува „Макфест“. Фестивалот е успешна приказна потврден четири децении. Само Евровизија подолго трае од „Макфест“. Продуцирани и објавени се над 1200 композиции, тоа се стотици и стотици хитови кои ни се познати на сите. Јас очекувам и понтаму ќе продолжиме со исто темпо без разлика на било какви промени. Сигурен сум дека ќе уживате сите три дена, рече Саздов.
Водители ќе бидат Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски. МТВ ќе врши директен пренос сите три вечери.




