„Свирев гајда до пред породување“ – Пејачката Елена Јовческа стана мајка, се роди Талија

Во саботата, на празникот „Митровден“ пејачката Елен Јовческа стана мајка,  роди ќеркичка, која по нејзина желба се вика  Талија. Елена вели дека и таа и бебето се супер и дека наскоро им се враќа на настапите.

– Најпрво му благодарам на Бога што се помина во најдобар ред. Бременоста ми ја водеше доктор Татјана Гуржанова, а ме породи доктор Сашо Јовчевски, заедно со неговиот тим од Клиникта „Жан Митрев“. Голема благодарност до доктор Јелена и сестра Маја. Се породив по природен пат и навистина од срце му благодарам на Бога и лекарите што се помина во најдобар ред, кажа мама Елена.

Таа вели дека и се исполнила најголемата желба, да стане мајка.

-Му благодарам на Бога што се остврив како мајка. Мислам дека сега сум остварена како комплетна жена.  Навистина имав желба да станам мајка и еве се остварив. Не можам да го опишам чувството кога прв пат ја погледнав. Среќа, радост, страв. Се измешано. Веднаш по породувањето бебето е крај мене. Кога ми ја дадоа веднаш престана да плаче. Јас,пак, плачев кога дознав дека сум бремена. Бев многу среќна. Пресреќна, вели Елена.

И Талија и мама се шкорпии во хороскоп. Елена вели, дури Талија е дупла шкорпија.

-Малата е супер, се вика Талија. Имаше избор од две имиња, но се одлучив за Талија. Тоа е интернационално име, не знам кога ќе порасне каде сака да живее. Но и по значењето. Читав дека името Талиа има неколку значења. Едно е дека значи „божја роса“, друго е   „да процвета“ или „да цвета“, па „светлина на небото“ . Затоа, името често се поврзува со свежина и убавина.  Талиа е дупла шкорпија, а и јас сум. Јас на 18 ноември ќе наполнам 36 години. Личи на мене, со исти како моите очи, крупни сино-зелени. Мамина принцеза е таа, вели среќно Елена.

Од 13 декември Елена вели дека им се враќа на настапите, најпрво тука блиску, а после Нова Година и во странство. 

-Во април веќе имам настап во Турција. Последниот настап ми беше во септември, бев во осмиот месец и свирев гајда.  Мислам дека се е до мозокот. Ако си бремена не значи дека си болна.  Но, ете пак ќе кажам фала му на Бога што помина се во најдобар ред, вели среќно Елена и додава:

-Додека сме уште во болница, откако се породив ми доаѓаат зборови за песна. Прва прилика ќе седнам да ја напишам и за ќерка ми да испеам песна.  Ме направи пресреќна, заслужува оваа среќа да се преточи во песна, додава таа.

В.М.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ