СДСМ: Нови тројца кандидати за градоначалници, сите се чесни и посветени

Со одлука на Извршниот одбор на СДСМ дадена е согласност за уште три кандидатури за градоначалници за претстојните локални избори:

-Драган Атанасов, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип

-Драгослав Симоновиќ, кандидат за градоначалник на општина Градско и

-Борче Гиевски, кандидат за градоначалник на Зелениково.

Со ова, СДСМ веќе има објавено 60 кандидати за градоначалници од СДСМ во 60 општини ширум државата.

-Сите кандидати на СДСМ се чесни, одговорни и посветени луѓе, кои ќе го дадат својот максимум во интерес на граѓаните. Преку изборните програми кои се подготвуваат заедно со граѓаните, со стручни лица и експерти во различни области СДСМ ќе понуди издржани решенија за секоја општинина и ќе претстави нова визија за развој на локалните заедници, велат од партијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ