Семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кран Монтана поднесоа кривична пријава, се приклучија на постапката како обвинители

Фото: Јутјуб

Семејствата на луѓето кои загинаа или беа повредени во пожарот што за време на новогодишната ноќ избувна во барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран Монтана поднесоа кривична пријава до швајцарското обвинителство, изјави адвокатот што ја застапува групата жртви.

„Семејствата поднесоа барања и се приклучија на постапката како обвинители. Овие барања беа прифатени (од обвинителството)“, потврди адвокатот Ромен Жордан, пренесоа британските медиуми.

Тој не прецизираше против кого е поднесена тужбата, наведувајќи само дека е насочена „против сите одговорни, без исклучок“.

Кривичната истрага за пожарот во Кран Монтана досега ги вклучува само сопствениците на барот, кои се осомничени за кривични дела, вклучително и убиство од небрежност.

Остануваат прашања во врска со причината за пожарот и користените безбедносни процедури.

Обвинителството на кантонот Вале не одговори на барањето за коментар.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ