Се запали автомобил во движење во Велес

Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 10:30 часот, на улицата „8 Септември“ во Велес, пред Народниот музеј настанал пожар на патничко возило „форд“ во велешки регистарски ознаки во движење, управувано од 52-годишниот  С.Р. од Велес, при што било оштетено и паркирано возило„рено“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 34-годишниот  А.Б. од Велес.

Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ