Жителите на населбата Железничка во Штип синоќа по 23 часот сведочеа на силен пламен од отпадот каде се складираат и преработуваат секундарни суровини. Пожарот го локализираше Територијалната професионална противпожарна единица.
Според информациите од штипската полиција, горел отпад, а бил зафатен и хангар.
-На 22.12.2025 во 23:11 часот во СВР Штип е пријавено дека настанал пожар во објект на ул.„Железничка“ во Штип, сопственост на С.В.(49) од Штип, при што горел отпад, а бил зафатен и хангар со три преси за картон и алуминиум. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на ТППЕ – Штип“, информираа од СВР Штип.
Се работи за отпад на самиот влез во Штип со простор со кој стопанисуваше компанијата „Максуровина“.
Засега нема информација што гореше во отпадот, но мирисот на пластика и изгорено се чувствуваше до рано наутро и во останатите делови од Штип.
Фото: Архива





