Се судриле две жени, двете пренесени во болница во Охрид


МВР информира дека на патот Струга-Дебар се случила сообраќајка, во која возачи биле две жени и двете се повредени.

-На 19.10.2025 во 15:45 часот во ОВР Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на место викано „Сушара” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната Г.В. од Битола и патничко возило „опел” со дебарски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Ф.К. од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „опел” со дебарски регистарски ознаки, А.У.(21) од Дебар, додека со телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Дебар, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ