Се тресе Америка -Силни земјотреси во Аргентина и Костарика

Фото: МИА

 Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди Аргентина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 188 километри од градот Сан Луис, на длабочина од 122 километри, во регионот Ла Риоха. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, пак, денеска ја погоди Костарика, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Како што се наведува, епицентарот на земјотресот бил на 43 километри од главниот град на Костарика, Сан Хозе, на длабочина од 31 километар.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен и траел долго. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ