Сите хитови на едно место – Јубилеен концерт на Миле Кузмановски во НОБ

Популарниот фолк пејач Миле Кузмановски на 24 декември ќе одржи концерт со повод. А поводот е прослва на неговиот јубилеј, поточно 35 години од кариерата.

Концертот ќе се одржи во НОБ во придружба на Камерниот оркестар.

-Времето летна, еве дојдовме до 35 години од појата песна. На концертот ќе бидат опфатени дел од моите песни, бидејќи досега сум снимил над 130 и невозможно е сите да ги отпеам. Скако дека ќе ја пеам „Не кани ме“, „Крал без круна“, „Се што побарав од тебе Господе“ и многу други. Планирам да повикам и гости, но засега не ги откривам нивните имиња, нека бидат изненадување, вели Миле.

Концертот е во организација на Роса продукција

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ