Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, смета дека е потребно преиспитување на должината на мандатот на градоначалниците и можноста тој да се ограничи на две години. Според неа, долгите мандати и широките овластувања што ги имаат локалните челници често резултираат со зголемена партизација на локалната власт.
„Доколку во парламентарните системи дури и претседателите, кои имаат претежно церемонијални функции, се соочуваат со ограничен број мандати, тогаш логично е да се размисли за сличен пристап и кај градоначалниците, кои располагаат со значителни извршни ингеренции“, изјави Сиљановска-Давкова за емисијата 360 степени.
Таа оцени дека сегашниот модел на локално управување во земјата има елементи на „квази-претседателски систем“, поради што често пратеници и министри одлучуваат да се кандидираат за градоначалници. Овој тренд, според неа, ја нагласува потребата од реформа во системот на локална самоуправа и поголем баланс на надлежностите меѓу различните нивоа на власт.





