Џала Брат и Буба Корели „растурија“ во Скопје со двата последователни, распродадени концерти и со тоа го означија импресивниот старт на нивната ГОАТ ТОУР. Во атмосфера што ретко се гледа кај нас, арената „Јане Сандански“ две вечери по ред беше исполнета до последното место, а публиката создаде енергија која ќе се памети долго. Интересно е што всушност првиот закажан концерт, одржан синоќа, ќе остане запаметен по рекордната продажба, зашто истиот се распродаде за помалку од една недела, што е јасен показател колку нетрпеливо се очекуваше враќањето на двоецот со голема концертна продукција.

Двете скопски шоуа поминаа во знакот на силна емоција, еуфорија и хорско пеење. Фанови од сите генерации постојано ги пееја најголемите хитови на Џала и Буба, од „Плеши“, „Стари радио“, „Она је“ до новите песни што доминираат на трендинг листите.
„Немаме зборови со кои можеме да го опишеме ова што ни се случи овде. Скопје е љубов“, едногласни беа Џала и Буба.

Фото: Music Week – Stefan Rajhl & Din Hodžić




