Словенија не дозволи слетување на израелски авион на аеродромот во Љубљана

Фото: gov.si

Авион на израелската компанија „Изрер“, што требаше да слета во главниот град на Словенија, Љубљана е пренасочен кон Загреб, откако словенечките власти не одобрија слетување.

„Изрер“ тврди дека одлуката на Словенија е политички мотивирана и е во спротивност со авионските договори и законите на Европска Унија.

Засега не е познато дали инцидентот е поврзан со политичките околности или други причини, а словенечките власти сè уште не го коментирале случајот.

Словенија во 2024 година ја призна Палестина, а следната година воведе санкции за израелските министри Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ