Советниците на ДУИ одбија да ги потпишат уверенијата па реагираше ОИК

Шесте советници на Националната алијанса за интеграција, коалиција предводена од ДУИ, на доделувањето на уверенијата во Град Скопје одбија да ги потпиша, бидејќи беа напишани на македонски јазик.

Општинската изборна комисија (ОИК) потоа подготви верзии на албански јазик на потврдите за одлуките, кои веќе се доставени до албанските советници.

Во меѓувреме, во текот на денот, шесте советници од коалицијата ВЛЕН ги потпишаа одлуките во нивната првична форма, иако тие напишани на македонски јазик

Зекерија Бериша, во име на советниците на ВЛЕН во Град Скопјe, сепак реагираа дека не е почитуван законот. Бериша рече дека непочитувањето на Законот за употреба на јазиците е неприфатливо и дека веднаш презеле чекори за да бараат официјалните документи да бидат во согласност со законот и на два службени јазика.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ