Утрово во Штип се случи сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила – фиат пунто и цитроен ц3 на крстосницата пред главната капија на штипската касарна „Јане Сандански“.
Причинета е сериозна материјална штета, но според првичните информации нема повредени.
Сообраќајот на оваа прометна крстосница, која го поврзува индустрискиот дел од градот со населбите Баби, Сењак и Осми Ноември се одвива отежнато по една коловозна лента. На терен е излезена екипа на МВР и се работи на увид и расчистување на улицата.
(К.М.)




