Сообраќајка меѓу пијан тракторист и„фолксваген“, повредени сопатничките од тракторот и од автомобилот

СВР Охрид информира за сообрќајка, која се случила во Дебарца.

-На 30.10.2025 во 16:10 часот, на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539″ без регистарски таблици,  управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран” со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од  с.Требеништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран”, двете од с.Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ