Сопругот на покојната Ивана осомничен за наведување на самоубиство и помагање – однесен е во 48-часовен притвор

Јавното обвинителство од Кривичниот суд – Скопје побара краткотраен притвор од 48 часа за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која вчера почина со своето 6-годишно девојче по пад од тераса во скопската населба Тафталиџе. Според Обвинителството, толку време ќе им биде потребно да се заврши вештачењето, анализата на видео снимките од околните камери, кои го снимиле падот на несреќната жена и детето, како и други дејствија, кои денеска беа наредени од надлежните обвинители.

Сопругот Стојанче Јовановски, познат сторител на кривични дела, е осмничен за нанесување телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик. 

-Притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата. По предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор, соопшти ЈОРМ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ