Со букет црвено рози за Арсовска, Ѓоргиевски седна во градоначалничката фотеља

Фото: Фејсбук

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Георгиевски попладнево со букет цвеќе ја превзема функцијата од Данела Арсовска.

Веднаш потоа и двајцата се огласија на Фејсбук:

-Од денес, градот Скопје е слободен, отворен и достапен за сите! Во просториите на Град Скопје денес се изврши чинот на примопредавање на функцијата градоначалник. Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив, напиша Ѓоргиевски.

На својот Фејсбук профил се огласи и Арсовска:

-Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот градоначалник на град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани. Ви благодарам на сите за континуираната поддршка, особено во мојата борба против организираниот криминал и корупцијата во градот, мисија во која ќе продолжам за да победи правдата, да понесе одговорност Висар Ганиу кој со својата организирана криминална банда до денес загрозува животи на илјадници наши сограѓани, напиша таа.

Вечерва од 20/.30 часот почнува одбројувањето од 72 часа, за колку што Ѓоргиевски вети дека ќе го исчисти Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ