Пејачот Урош Живковиќ неодамна правел свадба, а наводно заработил повеќе од 150.000 евра.
Живковиќ се оженил со својата избраничка, Јована, со која добил син.
На свадбата имало околу 500 гости, а половина одсрпската естрада биле гости.
Истиот ден, Урош и Јована го крстиле својот првороден син Лазар, кого го добија во јуни.
Според медиумите во Србија, Урош и неговата сопруга Јована добиле значителна сума пари на свадбата и планирале да купат јахта.
-Впечатоците се смирија, Урош и Јована се одмараат и понатаму од славењето. Беше прекрасно, навистина. Имаше многу познати луѓе, сите го ценат и почитуваат Уроша. Не би знаел точно колку пари добиле, тоа никогаш не му било приоритет, не ја организирал свадбата заради заработка, но има над 150.000 евра. Можно е да ја купи јахтата што ја разгледуваше ова лето – изјавил извор близок до пејачот, пренесува блиц.рс.




