Со 12 милиони евра инвстиција компанијата Актива го зголеми производствениот капацитет

Вкупно 12 милиони евра, од кои дел од унгарскиот кредит, а дел од сопствени средства, штипскиот гигант Актива го прошири производствениот капацитет.

Премиерот Мицкоски истакна дека за него претставува задоволство што како  Влада на некој начин учествувале овој производен капацитет да  добие поинаква физиономија и како што рече  „сопствениците на Актива Штип, користејќи го оној заем за којшто зборувавме во минатото, вложуваат во нови производни капацитети, а тие нови производни капацитети имаат голема додадена вредност во македонската економија и во локалната економија, овде во Штип“. 

Христијан Мицкоски, претседател на Владата при денешната посета на Актива Штип

„Јас од тоа што можев да го видам, но низ поинаква оптика, како машински инженер, можам да кажам дека сум исклучително пријатно изненаден и воодушевен, посебно од роботските системи коишто паралелно работат, коишто произведуваат, додаваат вредност и како што кажав ова многу значи за Македонија како држава, за нас како Влада, но и ќе повторам и локалната економија приходува од сето ова кое што денеска се создава во производните капацитети на „АКТИВА Штип“- рече Мицкоски. 

Производствен погон на Актива

Главен оперативен директор на „Актива“, Зоран Илиевски истакна дека оваа инвестиција им овозможува да се етаблираат на пазарот, со сопствен финален производ и производ со додадена вредност мехатроника. 

„Сето тоа како пакет ни овозможува да го зголемиме сопствениот извоз, односно бројките покажуваат дека оваа инвестиција која се направи во 2025 година веќе во вкупен извоз имаме 300% зголемено на продуктите кои што ги извезуваме не само на Европскиот, туку и на пазарите на Блискиот Исток и Африка. Така да со оваа инвестиција „Актива“ направи исчекор напред“, вели Илиевски. 

Робот технологија која сама работи дел од производствениот процес во Актива

Во оваа штипска компанија која произведува делови за автобуси, како и колички за транспорт на аеродромите низ светот има 580 вработени.

Зоран Илиевски, главен оперативен директор на Актива и Христијан Мицкоски, претседател на Владата

Премиерот Мицкоски истакна дека како Влада ќе сторат се што е потребно македонските компании да добијат услови коишто ќе им овозможат да се развиваат, а со тоа и да ја развиваат македонската економија.

„Тоа е наш приоритет, така се однесувавме до сега, така и ќе се однесуваме и од сега. Овој навидум на почетоците мал семеен бизнис, денеска прераснува во гигант за македонски услови и уште еднаш еве моите комплименти за ова што успеав денеска да го видам. Мислам дека се повеќе од 45.000 квадрати под покрив, со, би рекол, една софистицирана напредна технологија“– изјави Мицкоски.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ