Со 3,3 промили алкохол и пиштол тргнал да ја убива бившата – Спречен обид за убиство во Гевгелија

Фото: МВР

Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство на поранешен партнер врз девојка, лишени од слобода две лица

-Денеска (13.10.2025) во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.Г. и Л.Г. од Гевгелија. Имено, во 14:42 часот, М.П.(25) од Гевгелија пријавила дека влезната врата од нејзиниот дом тропале нејзиниот поранешен партнер Ј.Г., кој користел отсуство од Казнено-поправна установа, заедно со Л.Г., и се заканувале и притоа слушнала репетирање на огнено оружје. Набргу, полициски службеници пристигнале на местото, извршен е преглед на лицата, а во ормарот за чевли пронашле пиштол без рамка.Извршено било и алкотестирање и кај Л.Г. биле измерени 3,3 промили алкохол во крвта, по што двајцата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 386 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ