Спортската редакција на МТВ се празни, прв се збогуваше Тони Стојановски

Фото: Фејсбук

Денеска го одработев последниот пренос за МРТ. По повеќе од 13 години во телевизијата, а вкупно речиси 20 во јавниот сервис сметајќи го и времето во Македонското радио, дојде време за разделба, напиша Тони Стојановски, спортски новинар во МТВ.

-Заминувам со многу спомени и со мноштво професионални задоволства. За знаењето ќе ценат други. Ваквите одлуки не се лесни, но со оглед на околностите, по 28 години со новинарско-коментаторска кариера, ова е најдобро! Новата страница е се уште празна, мое (наше) е да ја испишеме брзо и на убав начин. Да сме живи и здрави! Да живее Македонија, напиша Тони.

Иако не објасни каде заминува,сепак, се шпекулира дека тој ќе биде дел од екипата на „Арена спорт“ на македонски јазик.

Но, според медиумите Тони не е единствениот, кој ќе замине од МВТ, туку и други колеги со што речиси и ќе се испразни спортската редакција на националниот сервис.

„Арена спорт“, според најавите, треба да стартува од идниот месец.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ